Факултетот за бизнис економија заедно со своите Европски партнери подготвува воведување на нов унифициран предмет „Економија на одржливост“
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Факултетот за бизнис економија заедно со своите Европски партнери подготвува воведување на нов унифициран предмет „Економија на одржливост“

 

Факултетот за бизнис економија во изминатите шест месеци учествува како партнер во спроведувањето на активностите во рамки на проектот „Економија на одржливост“.

Конзорциумот за проектот е составен од: Универзитетот за економија - Катовице (во улога на координатор), Универзитетот во Фиренца, Универзитетот во Марибор, Колеџот за финансиски менаџмент - Загреб. Универзитетот за применети науки од Вилнус (сите во улога на партнери). 

Главната цел на проектот е подигнување и овозможување на квалитетно и унифицирано Европско образование на студентите од горенаведените институции, преку создавање на заеднички предмет кој ќе биде имплементиран во секоја од институциите, и кој ќе им овозможи на сите студенти да имаат пристап до истите материјали, истите предавање, истите методи и техники на учење.

Во рамки на проектните активности беа одржани два онлајн состаноци: почетниот состанок на проектот беше организиран на седми мај, додека вториот состанок беше организиран на 2 јули.

Почетниот состанок на проектот имаше технички карактер, на кој покрај можноста на партнерските институции да се запознаат подобро помеѓу себе, беа дискутирани и ред други административни, финансиски обврски на партнерите. Потоа беше договорен начелно текот на спроведувањето на проектните активности и временската рамка во следниот период. На вториот состанок, кој се одржа на 2 јули, интересот беше свртен кон почеток на создавање на наставната програма за предметот „Економија на одржливост“. По разменетите искуства меѓу партнерите, се утврдија конкретните активности на секоја институција, и беа понудени иницијални идеи за содржината и начинот на презентирање на обемниот материјал.