Распоред за октомвриска сесија
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Распоред за октомвриска сесија

Ве информираме дека Октомвриската испитната сесија ќе започне од 13 Октомври 2020 година (Вторник). Распоредот за полагање можете да го погледнете на следниот линк.

Пријавувањето на испитите е на 08 октомври 2020 година од 10.00-11.00 часот.

Според протоколот на пријавување на испитите ќе морате само во тој ден да дојдете и да ги пријавите, односно да доставите уплата и пријава. Во Амфитетар ќе бидат оставени пријавите на секое столче ќе има пријави, обележани се со броеви столчињата. Пријавите и уплатите ги оставате на столчињата каде сте ги пополнувале пријавите. Во службата на студентски прашања не ги оставате. Воедно Ве информираме дека професорите можете само да ги контактирате на маил.

НАПОМЕНА: задолжително треба да носите маска, ракавици и пенкало за пополнување на пријавата. Пред влезот имате поставено дезинфекциони брисачи за чевлите и пред влезот во амфитетар исто повторно имате поставено за брисачи за чевлите.

Доколку не доставите на време во точно определен час нема да можете да полагате испити.

Воедно Ве замолуваме да ги следите упатствата за заштита и да нема групирање пред Факултетот, односно пред и после пријавување на испитите.

Полагањето на испитите ќе се одвива онлајн според насоките кои на студентите им се пратени на мејл. Испитите ќе се одржуваат во деновите согласно распоредот на испити, додека за точниот час студентите ќе бидат  информирани ден пред испитот, од страна на предметниот професор.

Службата за студентски прашања и предметните професори, како и досега се достапни онлајн. За сите барања и консултации Ве молиме да ги контактирате истите преку мејл или некоја од достапните онлајн платформи.