Учество на студентите на ФБЕ на меѓународна конференција
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Учество на студентите на ФБЕ на меѓународна конференција

 

Студентите од 4та година на Факултетот за бизнис економија активно ја започнаа и оваа академска година со учество на меѓународната конференција International Academic Conference za Contemporary Discussions and Social Science Studies.

Конференцијата се одржа онлајн на 6 октомври 2020, во организација на MIRDEC - Masters International Research & Development Center and GLOBECOS - Global Community of Social Science (www.mirdec.com). На конференцијата беа презентирани оригинални научни трудови кои покриваат интересни и актуелни теми, а учество земаа реномиирани професори од Тунис, Чешка,  Италија, Романија, Франција, Кина, Русија, Мароко и Турција, меѓу кои и проф. Слаѓана Стојановска, како престставник од Факултетот за бизнис економија.