Со цел зајакнување на меѓународната соработка и програмата за мобилност, во рамките на програмата CEEPUS, проф. д-р Слаѓана Стојановска, од Факултетот за бизнис економија од Скопје, на 25 ноември 2020 година, одржа онлајн предавање на студентите на Економскиот факултет од Подгорица, Црна Гора.
Насловот на предавањето беше: Студија на случај за штанд за кафе САТЕЛ: Пресметка на цената на кафето за изработка на деловен (бизнис) план и анализа на рентабилноста на работа (break-even).
Предавањето вклучуваше: (1) пресметка на цената на една шолја кафе, (2) пресметка на фиксните и варијабилните трошоци, (3) изработка на бизнис план и (4) анализа на рентабилноста(break-even). На студентите, исто така, им беше преставен софтверот за пресметка на овие категории.
На почетокот на предавањето, продеканот за меѓународна соработка проф.д-р Бобан Меловиќ ја претстави проф.Стојановска и изрази задоволство од продолжувањето на успешната соработка со колегите од Факултетот за бизнис економија.
Студентите покажаа особено задоволство од одржаното предавање и од интеракцијата со професорот. На крајот од предавањето студентите и професорката разменија искуства и ставови за бизнис идеи на кои работат студентите.
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk