Состанок во рамки на проектот „Економија на одржливост“
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Состанок во рамки на проектот „Економија на одржливост“


На 23 Март во организација на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот во Марибор, се одржа онлајн состанок со учество на 14 членови на проектниот тим од: Универзитетот во Фиренца, Високата школа за финансискименаџмент од Загреб, Факултетот за бизнис економија од Скопје, Вилниаус колеџот од Вилнус, Литванија, и Универзитетот за економија од Катовице. Состанокот беше организиран како дел од серијата на настани кои имаат за цел да ја комплетираат подготовката на силабусот и книгата за новиот предмет „Економија на одржливост“, предвидена како еден од резултатите на проектот. Овој состанок имаше за цел да се финализираат и презентираат главите кои ќе бидат составен дел од книгата, како и да се понуди платформа за размена на идеи и мислења меѓу учесниците, како во поглед на идните проектни активности кои следат, така и во поглед на административните и технички аспекти на проектот. Проектот „Економија на одржливост“, е поддржан од Еразмус+ програмата, под Акцијата КА2. За повеќе информации поврзани со проектот, неговите цели и очекувани резултати можете да ја посетите веб-страната: https://econosteam.eu/home/