Известување за субвенциониран студентски оброк
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Известување за субвенциониран студентски оброк

 

Почитувани студенти,

Според Законот за субвенциониран студентски оброк (Службен весник на РСМ, бр. 31 од 10.2.2020 година), сите редовни студенти на прв циклус (додипломски) студии можат да станат корисници на субвенциониран студентски оброк под условите определени со овој закон.

За оваа цел предвидени се неколку рокови:

  • августовски рок – од 1-ви до 31-ви август

  • октомвриски рок – од 1-ви до 31-ви октомври

Право на пријавување во августовскиот рок имаат редовните студенти на прв циклус студии со запишан летен семестар во учебната 2020/21 година.

Право на пријавување во октомврискиот имаат студенти кои ќе се запишат во прва година во учебната 2021/22, како и студентите кои ќе го запишат зимскиот семестар во учебната 2021/22 година.

Министерството за образование и наука има електронска апликација преку која секој кандидат може да се пријави за користење на правото на субвенциониран студентски оброк при што е потребно да се пополнат бараните податоци кои ги обработува  и одобрува Министерството за образование и наука.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк ќе се врши по објавен Јавен повик на web страната на Министерство за образование и наука, по електронски пат.

Студентите кои ги задоволуваат условите согласно со Законот за субвенциониран студентски оброк, е потребно да се пријават електронски на интернет порталот на Министерството на е-адресата

https://e-uslugi.mon.gov.mk;