Дејност
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Дејност

Факултетот за бизнис економија врши високообразовната дејност, согласно Законот за високото образование преку:

  1. вршење на високообразовна дејност од прв циклус стручни и втор циклус специјалистички студии во една или во повеќе сродни, односно меѓусебно поврзани научни и стручни дисциплини од областите за кои е дадена акредитација и се грижи за развојот на истите;

  2. утврдување единствен стратегиски развој во наставно - образовната, научно - истражувачката и апликативната високостручна и други дејности;

  3. утврдување единствени критериуми, нормативи и правила за организација;

  4. вршење на високообразовната и научно - истражувачката дејност;

  5. дејствување во финансискиот сектор, инвестициите и развојните планови;

  6. поврзаност на наставата со науката;

  7. организирање и реализирање високостручна апликативна дејност во областите на делување;

  8. развој на нови дејности и работи определени со закон и овој Статут;

  9. профилирање на научните истражувања (фундаментални, научни и

  10. развојни);

  11. во рамките на политиката за соработка на ФБЕ, остварување високообразовна, научна и техничка соработка и партнерствосо домашни и странски високообразовни и научни установи, бизнис заедницата, јавни и приватни институти и центри со домашни и странски субјекти, а заради унапредување на високообразовната, научно – истражувачката и апликативната дејност;

  12. во остварување на соработката со домашни и странски високообразовни и научни установи, организира научни собири, симпозиуми, семинари, советувања и други видови собири;

  13. продава научни и стручни услуги, експертиза и производи на домашни и странски правни и физички лица;

  14. размена на научни и стручни услуги со домашни и странски правни и физички лица

  15. учество во домашни и меѓународни проекти;

  16. организирање заеднички студиски програми со домашни и странски високообразовни установи;

  17. организирање зимски и летни школи и други форми на едукација;

  18. воспоставување политика за мобилност на наставниците и административниот кадар;

  19. поставување стандарди во наставата;

  20. предлагање и преземање мерки за унапредување и заштита на стандардот на студентите и на вработените;

  21. воспоставување на единствени правила за рационално користење на човечките и материјалните ресурси;

  22. во рамките на единствениот библиотечно-информациски систем утврден од ФБЕ, организирање на работата на библиотеката и воспоставување сопствена библиотечно- информациска и документациона дејност;

  23. организирање сопствена издавачка дејност;

  24. основање установи, трговски друштва и здруженија согласно со закон и овој Статут;

  25. трансфер на технологии;

  26. унапредување на ЕКТС;

  27. издавање обрасци и други документи за потребите на студентите;

  28. издавање дипломи и други документи за завршени студии и други видови образование, според условитеутврдени со Статутот на ФБЕ;

  29. управување, користење на имотот и материјалните средства со кои располага;

  30. заштита и обезбедување на имотот на ФБЕ;

  31. врши други работи и дејности утврдени со закон, со Статутот и другите акти на ФБЕ, како и други работи и дејности кои се во согласност со остварувањето на неговата автономија.