Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Вести и настани

ФБЕ ги продолжува активностите во рамките на GIZ – RED програмата

M-р Тодор Милчевски , предавач на Факултет за бизнис економија одржа осум еднодневни обуки на тема “Вовед во регионален развој и регионален менаџмент“во сите плански региони во Македонија.  Обуките се реализирани со поддршка на GIZ – RED програмата за Македонија во периодот од 15ти Јуни до 15ти Јули, 2013 год.

Целта на обуките беше да се зајакнат капацитетите на претставниците на општините од сите плански региони во однос на регионалниот и руралниот развој, институционалната рамка на регионалниот развој, регионален менаџмент и маркетинг, економска промоција,  како и во однос на европските програми и фондови за регионален развој, достапни за Р. Македонија.  

 

Учество на ФБЕ во проект за енергетска ефикасност

ФБЕ  учествува во Националната платформа на Македонија за проектот BUILD UP Skills - MK (BUS-M), каде д-р Слаѓана Стојановска беше дел од експертскaта групa за неформално образование на градежни работници во однос на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Повеќе податоци можете да добиете на следниот линк.

Проектот BUILD UP Skills - MK (BUS-M) е финасиран од ЕУ програмата Интелигентна Енергија Европа (IEE), а е реализиран во периодот од Февруари до Јули, 2013.


 

Учество на предавач на ФБЕ на меѓународна конференција на тема “Systemic Economic Crisis: Current Issues and Perspectives”

М-р Билјана Аврамовска, предавач на ФБЕ,  учествуваше на 9тата меѓународна конференција “Systemic Economic Crisis: Current Issues and Perspectives”.

Конференцијата се одржа на Економски факултет при Универзитет “Св Кирил и Методиј“ Скопје од 30 до 31 Мај каде Аврамовска се претстави со усмена презентација на тема “The EMU systemic crises – causes and some possible remedies toward sustainable currency area”.

Програмата на конференцијата можете да ја погледнете на следниов линк.

Учество на студентите на Факултет за бизнис економија на Првата студентска конференција “Енергетска ефикасност и одржлив развој”

Студентите од Факултет за бизнис економија, Љупка Живковска и Љупчо Сотировски, ќе учествуваат на првата студентска конференција “Енергетска ефикасност и одржлив развој” организирана од ИАЕСТЕ Македонија и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Конференцијата се одржува во периодот од 16 до 18 Мај, а Живковска и Сотировски својот труд “Примена на енергетската ефикасност и одржливиот развој во домаќинствата“ ќе го презентираат во Петок (17 мај 2013) во 13.45 часот во Салата за состаноци на ФЕИТ .

Агендата на конференцијата можете да ја погледнете тука.

Отворен ден на Факултетот за Бизнис економија

Наставниот тим и студентите на Факултетот за Бизнис економија ве покануваат да нè посетите на отворениот ден што ќе се оддржи на 18-ти мај (сабота). Одлуката за избор на факултет е една од најважните одлуки што ќе ги направите во животот, а отворениот ден е најдобриот начин да се запознаете со факултетот и начинот на студирање. Слободно понесете ги вашите родители и пријатели со вас. На отворениот ден на Факултетот за Бизнис економија, вратите се отворени за сите!

Идните студенти ќе имаат можност подетално да се запознаат начинот на студирање и насоките кои ги нуди факултетот преку разговори со нашите професори, предавачи и студенти. Исто така ќе имате можност да ги разгледате просториите на факултетот, односно амфитеатрите, предавалните и лабараториите кои се во склоп на ФБЕ. Повеќето студенти се согласни дека овие први впечатоци се најважни во моментот кога се носи одлуката.

Повеќе...

Известување за неработни денови

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека поради претстојните празници факултетот за бизнис нема да работи во периодот од 29.04.2013 до 06.05.2013 година.

Првиот работен ден по празниците е 07.05.2013 год.

 

Ви посакуваме среќни велигденски празници.
Факултет за бизнис економија

Публикувани се нови броеви на Списанието за одржлив развој

Почитувани посетители,
Публикувани се новите броеви на Списанието за одржлив равој во издание на факултетот за бизнис економија. Истите можете да ги погледнете на следниов линк

Известување за заверка на семестар - мај 2013

Се известуваат сите редовни и вонредни студенти на ФБЕ дека заверката на летниот семестар се врши во периодот од 07.05.2013  до 20.05.2013, со уплата на 50 евра во денарска против вредност, според средниот курс на НБРМ на денот на уплаќањето, и задолжително доставување на уплатницата во службата за студентски прашања.

Упатства за пополнување на образецот PP 10 може да добиете во службата за студентски прашања
Задоцнетата заверка на семестарот (по 20.05.2013) е 100 евра.

Студентите кои нема да го заверат летниот семестар немаат право да полагаат втор колоквиум и испити во јунската испитна сесија.

Учество на предавач на ФБЕ на меѓународен конгрес организиран од програмата COST FA0904 и Универзитет за применети науки во Цирих

Д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска, предавач на ФБЕ, учествуваше на меѓународниот конгрес за развој на нови материјали за безбедно пакување храната. Конгресот се одржа на Универзитетот за применети науки Цирих (Zurich University of Applied Sciences (ZHAW), Швајцарија од 21 до 22 Март, 2013, каде д-р Шикалеска имаше една усмена и една постерска презентација.

Агендата на конгресот можете да ја погледнете тука:

Обуки на Факултетот за бизнис економија

 
Факултетот за бизние економија ви нуди нови обуки од областа на: маркетингот, математиката и информациско-комуникациските технологии.
Повеќе информации за секоја од обуките можете да погледнете на следниот линк.

Повеќе...

Почеток
Пред
1