Вести и настани
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој   Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за 25-тиот број на списанието.
Бескаматен кредит за студентите на ФБЕ

Со цел обезбедување на квалитетно и ефикасно образование достапно за сите, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) во соработка со НЛБ Банка, Ви ја  претставува можноста за финансирање на студиите со
Факултетот за бизнис економија заедно со своите Европски партнери подготвува воведување на нов унифициран предмет „Економија на одржливост“ Факултетот за бизнис економија во изминатите шест месеци учествува како партнер во спроведувањето на активностите во рамки на проектот „Економија на одржливост“.
Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој
Почитувани посетители,
Објавен е новиот, 24-ти број од Списанието за одржлив развој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.
 
Онлајн обуки за јакнење на вештините на матурантите   ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје организираше повеќе онлајн обуки во областа на бизнис економијата.

Вести и настани

Предавач на ФБЕ - беше дел од ЕРАЗМУС програмата за размена на наставен кадар

Во рамките на програмата Еразмус Факултетот за бизнис економија има склучено меѓуинституционални договори за соработка, студентска размена и мобилност на кадри со повеќе универзитети ширум Европа. Како дел од оваа програма м-р Тодор Милчевски, предавач на ФБЕ, во периодот од 4ти до 8ми Март, 2013, престојуваше на Универзитет за економија во Вроцлав (Wroclaw University of Economics ), Полска, каде одржа повеќекратни предавања за регионална политика и институционална рамка за регионален развој, како и за подготовка на предлог проекти за регионален развој.

Во текот на овој престој м-р Милчевски оствари контакти со повеќе истакнати професори на Универзитетот во Вроцлав за можноста за продлабочување на понатамошната соработка.

Исто така, преку воспоставените контакти со претставниците на регионалните власти Милчевски се здоби со сознанија за пристапот на Полска кон регионалниот развој што, согласно целите на оваа програма, ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на образование во двете високообразовни институции но и кон севкупно збогатување на искуствата на нашата држава во однос на регионалните политики и регионалниот развој.


 

Презентација на документ за јавна политика

 

На 31 јануари 2013 година, во просториите на Факултетот за бизнис економија се одржа јавна презентација на изработениот документ за јавна политика: „Унапредување на политиките за регионален развој на Р. Македонија – Споделување на Германските и Словенечки искуства“. Презентацијата беше дел од успешно спроведените активности на истражувачкиот проект, финансиран од Европскиот Фонд за Балканот, дел од „Think & Link 2011/2012“ програмата. Истражувачкиот процес траеше 9 месеци и вклучи две студиски посети на истражувачите во Словенија и Германија.

Истражувачкиот тим беше составен од: постар истражувач проф. д-р Весна Стојанова, помлади истражувачи м-р Тодор Милчевски и м-р Ивана Никифоровска, и асистент истражувачи м-р Мартин Стојановиќ и Томче Чалоски.

Повеќе можете да прочитате на следниот линк.

Обука за квантитативни методи за бизнис и економија

Факултетот за Бизнис Економија организира обука под наслов „Квантитативни методи за бизнис и економија“.

Обуката е наменета за вработени во сметководствени/финансиски оддели на компании, банки, јавни претпријатија, невладини организации, но и сите други заинтересирани поединци.

Програмата на оваа обука ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со примената на математичките и статистичките алатки во различни области на бизнисот и економијата при што ќе бидат опфатени следните теми:

  • Временска вредност на парите
  • Економски функции
  • Квантитативни техники на истражување
  • Статистичка оценка-големи и мали примероци
  • Анализа на портфолио
  • Регресиона анализа и корелација
  • Временски серии и предвидување

Обуката ќе се спроведе во попладневните часови на 19, 20, 21 и 22 Февруари, 2013 година во Скопје во просториите на Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) – Скопје.

Котизацијата за учество на обуката изнесува 3000 денари по учесник, а во цената се вклучени четиридневна обука (3 часа x 40 минути на ден), материјали за обуката и кафе паузи.

Рокот на пријавувањето за учество е до 08 Февруари 2013 година на следниот е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Преземете ги информациите во pdf.

 

Промоција на дипломи на Факултет за бизнис економија

На 15.01.2013 во просториите на Факултетот за Бизнис Економија, беа доделени дипломите на четвртата генерација дипломирани студенти на ФБЕ.

Искрени честитки за постигнатиот успех и се наубаво во понатамошните кариери.

Пријатната атмосфера од одржаната промоција можете да ја доловите преку сликите во делот Галерија на нашата веб страна - Промоција на студенти - 2013

 

Известување за заверка на семестар

Се известуваат сите редовни и вонредни студенти на ФБЕ дека заверката на зимскиот семестар се врши во периодот од 03.12.2012 до 20.12.2012, со уплата на 50 евра во денарска против вредност, според средниот курс на НБРМ на денот на уплаќањето, и задолжително доставување на уплатницата во службата за студентски прашања.

Задоцнетата заверка на семестарот (по 20.12.2012) е 100 евра.

Студентите кои нема да го заверат зимскиот семестар немаат право да полагаат испити во февруарската испитна сесија.

Повеќе Артикли...

Страница 3 од 9

3