НЛБ Банка нуди можност за
остварување на практикантска работа во
рамки на организационите единици Банката, за сите динамични и
мотивирани студенти кои се заинтересирани за запознавање на банкарското
работење.
Се што треба да направите е да ја пополните
апликацијата за пракса, која е поставена на нашата web страна (www.nlb.mk), или да доставите Ваша кратка
биографија на mail>
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
, доколку
ги исполнувате
следните услови:
- да сте студент на додипломски или последипломски
студии на Економски, Правен или Факултет за информатичка технологија;
- да имате солидно познавање на англискиот
јазик;
- да имате познавање на MS Office пакетот;
- да имате позитивен пристап и мотивираност;
- да имате подготвеност за работа и тимски дух.
Реализација на работната пракса е во траење
од 1 (еден) месец, со можност за продолжување
до 3 (три) месеци.
Експозитурите надвор од Скопје во кои може
да се извршува практикантската работа се: Битола, Тетово, Гостивар, Охрид,
Струга, Гостивар, Куманово, Струмица, Штип, Велес, Крива Паланка, Валандово,
Гевгелија, Радовиш, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Прилеп, Ресен, Пробиштип, Свети Николе и Виница.
Праксата ќе се организира согласно динамиката
на барањата на Банката за практиканти и селекција на кандидатите кои се
пријавиле за пракса.