Студенти
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Студенти

Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој


Почитувани посетители,
Објавен е новиот, 22-ри број од Списанието за одржлив развој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.

 

Распоред за февруарска сесија

Почитувани студенти, распоредот можете да го видите на следниот линк.

Во прилог е февруарската сесија која започнува од 03.02.2020 година, а пријавувањето на испитите е од: 28.01.2020 – 30.01.2020 година.

 

Трансфер на студии на ФБЕ

 

Изградете ја вашата иднина и дозволете ни да ве водиме низ светот на бизнисот! Доколку припаѓате на некоја од следниве категории, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) ви нуди можност за трансфер на студиите:

Втора интернационална конференција и недела

 

Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија ја организираат Втората Еразмус + меѓународна недела во Скопје, Р. Македонија од 4 до 8 мај 2020 година.

Обука за „Промоција на женското претприемништво“

 

Ве покануваме да земете учество во обуката на тема „Промоција и Поттикнување на Женско Претприемништво” која ќе се спроведе на 23 декември 2019 год. со почеток во 10.00 часот, во просториите на Фондацијата Ново образование за бизнис во Скопје.

Стратегиите за интернационализација на ФБЕ и ИБЕ

 
 
Приватната високообразовна институција – Висока стручна школа Факултет за бизнис економија (ФБЕ) е основана во 2005 година, додека пак Приватниот Научен Институт за бизнис економија (ИБЕ) е основан во 2011 година.

Предавање на м-р Мартин Стојановиќ на школата за авторитативни студии

 

На 27.11.2019 во просториите на Факултетот за бизнис економија, во рамки на серијата предавања организирани од школата за анти-авторитарни студии „Стив Наумов“, м-р Мартин Стојановиќ одржа интерактивно предавање на кое учесниците покажаа голем интерес за тековни економски теми.

Известување за неработен ден

Почитувани, 

Ве информираме дека согласно Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07) 8 декември 2019 година (недела), односно 9 декември 2019 година (понеделник), „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

 

Работилница со ученици од СУГС Владо Тасевски

 

На 29.11.2019-та година Факултетот за бизнис економија организираше работилница за матурантите од средното училиште СУГС „Владо Тасевски“.

Известување за заверка на семестар

Почитувани студенти, 

Ве известуваме дека заверката на зимскиот семестар се врши од 05.12.2019 до 25.12.2019 година. Ве молиме најдоцна до овој рок да се направи заверката на семестарот. 

Исто така, Ве известуваме дека заверката на семестарот е задолжителна за сите, независно дали сте редовни или вонредни студенти. 

Напомена: Заверка на семестарот се врши со уплата од 3100 денари. После наведениот рок се плаќа со казна во износ од 6200 денари.

 

Страница 8 од 25

8