Конкурс за упис 2024/2025

Конкурс за упис 2024/2025

fbe-2024

Конкурс за упис 2024/2025

Приватна високообразовна установа-Висока стручна школа ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје

Врз основа на член 149 и 151 од Законот за високото образование ("Службен весник на РМ" бр.82/18) Приватната високообразовна установа-Висока стручна школа ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈA Скопје, објавува КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025

I. Број на студенти
На ПВУ-ВСШ ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје, во прва година на прв циклус студии, може да се запише следниот број на студенти, на следните студиски програми:

Студиска програмаРедовни студииВонредни студии
Број на
студенти
Школарина*
(на годишно ниво)
Број на
студенти
Школарина*
(на годишно ниво)
Економија, на македонски јазик1001000 €1001100 €
Економија, на англиски јазик501700 €501800 €
  • Додипломските студии траат 3 студиски години (6 семестри) и со нивно завршување се стекнуваат 180 ЕКТС и звање Дипломиран економист/ Bachelor of economics.

II. Услови и критериуми за запишување на додипломски студии

1. Право на запишување на додипломски студии имаат кандидатите со завршено средно четиригодишно образование и имаат положено државна или меѓународна матура.

2. Право на запишување имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование (пред учебната 2007/2008 и во учебната 2019/2020) кои не полагале државна матура.

3. Право на запишување имаат кандидатите кои имаат завршено четиригодишно образование или образование соодветно на тоа надвор од Р. Северна Македонија, со нострифицирана диплома во МОН.

4. Трансферот на студенти се врши врз основа на доставено уверение за положени испити и утврдување на соодветност на студиските програми.

5. Странските државјани се запишуваат на студии под истите услови како и државјаните на Р. Северна Македонија. При упис во документацијата, странските државјани мора да поседуваат доказ за познавање на јазикот соодветно на програмата на која се запишуваат, а кое не може да биде пониско од ниво „Б/intermediate“.

6. Кандидатите се запишуваат како редовни и вонредни студенти со самофинансирање на студиите.

III. Документи за пријавување и запишување на додипломски студии

1. Пополнета пријава (достапна на ПВУ-ВСШ ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје)

2. Оригинал диплома за завршено средно образование и копија заверена на нотар (за кандидатите кои го имаат завршено средното образование пред 2008 година и во 2020 година)

3. Оригинал диплома за положена државна матура за кандидатите кои го завршиле средното образование во периодот од 2008 до 2019, 2021 и 2022 година и копија заверeна на нотар

4. Оригинал диплома за завршено средно образование и Решение за нострификација од МОН и копии заверени на нотар (за студентите кои средното образование го завршиле надвор од Р. Северна Македонија)

5. Оригинал свидетелства и копии заверени на нотар

6. Оригинал извод од матична книга на родените и копија заверена на нотар

7. Оригинал уверение за државјанство и копија заверена на нотар

8. Две фотографии

9. Потврда за редовен работен однос и копија од М1/М2 образец или лекарско уверение за вонредно студирање

IV. Рокови за пријавување и адреса

Пријавување и упис на кандидатите ќе се врши во следните уписни рокови

I уписен рок од 03 Мај до 16 Август
II уписен рок од 19 Август со 13 Септември
III уписен рок од 16 Септември до 14 Октомври

За рангирање и прием на кандидатите ќе одлучува Конкурсна комисија формирана од Наставничкиот совет на Факултетот.
Кандидатите треба да ги достават сите документи за пријавување и запишување во просториите на ПВУ-ВСШ ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје на адреса:

бул. 3-та Македонска бригада бр.66 А
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Заинтересираните кандидати можат да добијат информации за упис на следните броеви:
+389 2 2402 160
+389 2 2402 161

Наставата за студиските програми ќе се изведува во просториите на ПВУ-ВСШ ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје.

* Уплатата се врши во денарска противвредност.

Конкурсот за упис за 2024/2025 година на Фактултетот за Бизнис Економија, може да го превземете тука..