Библиотека

Библиотека

Факултетот за Бизнис економија располага со библиотека со опсежен и разновиден, домашен и странски книжен фонд од областите: економија, маркетинг, менаџмент, сметководство и финансии. Голем дел од книгите кои ги поседува библиотеката на ФБЕ се нови изданија од најдобрите автори во областа.

Во рамките на библиотеката има и околу 1000 електронски наслови од врвна светска литература. Библиотечниот фонд  редовно се обновува со трудови, прирачници и авторизирани предавања и вежби од професори, виши предавачи и предавачи.

РАСПОРЕД ЗА РАБОТА НА БИБЛИОТЕКАТА

  • Понеделник  – 09:00 – 12:00

  • Вторник – 09:00 – 12:00

  • Среда – 09:00 – 12:00

  • Четврток – 09:00 – 12:00

  • Петок- 09:00 – 12:00