Кариерен центар

Кариерен центар

Кариерениот центар  во рамките  на Факултетот за бизнис економија – Скопје е основан со единствена цел да ги поддржи студентите во развој на нивните вештини и способности кои се од клучно значење за нивното идно вработување. 

Мисијата на Кариерниот центар е подготовка на студентите на ФБЕ за влез на пазарот на работа, поврзување со работодавачите и овозможување поддршка во стекнување на знаења и вештини кои се потребни во современото деловно работење. Центарот не е директно вклучен во вработување на студентите и дипломците, меѓутоа нуди релевантни информации за добивање на работа, поврзување на студентите и работодавачите, како и организирање на разни обуки и семинари. 

Задачите на Кариерниот центар се:

  • Реализација на пракса во институции-партнери на ФБЕ,  со цел стекнување на нови  знаења и вештини преку практично искуство во јавен, приватен или невладин сектор;
  • Организација на тренинзи и работилници, кои ќе помогнат во личен развој на студентите и за нивен посигурен настап на пазарот на труд;
  • Консултација со советници за кариерен развој, со цел поттикнување на желбата за постојано учење и професионално усовршување;
  • Води евиденција за поранешни студенти (алумни) и организира разни настани за размена на искуства помеѓу поранешни и сегашни студенти;
  • Организира саеми за кариера во рамките на факултетот;