Алумни

Алумни

Драги Алумни,

Добредојдовте во Алумни групата на Факултетот за бизнис економија!

Како веќе дипломирани студенти на Факултетот за Бизнис економија, вие сте дел од нашата Алумни група. Целта на оваа група е поврзување и одржување контакти меѓу веќе дипломираните студенти на ФБЕ и информирање за сите новости и настани на Факултетот. Во рамките на оваа група би сакале да ги споделите вашите впечатоци  и искуства стекнати на ФБE, како и да дознаеме повеќе за развојот на вашите професионални кариери. Сето тоа  ќе придонесе меѓусебно да бидеме во тек со настаните и истовремено ќе послужи како инспирација за постигнување успеси за сите сегашни и идни студенти на ФБЕ.

Во моментов, базата од Алумни групата се изработува. Ако сте завршен студент на Факултетот за Бизнис економија, Ве молиме да ни испратите на alumni@fbe.edu.mk кратко резиме од Вашите професионални искуства, како и Ваш контакт за поврзување со останатите во групата.

Овој дел од веб страната на Факултетот за бизнис економија ви припаѓа вам! Доколку имате сугестии и/или коментари ќе ни биде драго да не контактирате на alumni@fbe.edu.mk .

Нека најголемиот број од вашите конекции бидат со Факултетот за Бизнис економија!

Ве очекуваме!