Добивање виза

Добивање виза

Добивање виза

Сите студенти кои не се Македонци мора да добијат студентска виза за студирање во Македонија. Тие можат да аплицираат за виза во најблиската македонска амбасада и да го започнат процесот на студентска виза 5-6 месеци пред нивното пристигнување во Скопје.

Потребни документи за Амбасада

 Уредно и читливо пополнето барање за виза.

 Валиден и признат пасош со рок на важност од најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странскиот државјанин во Р.

 Доказ дека има сместување во Македонија

 Доказ за здравствено осигурување (превод на оригинал на македонски јазик од овластен судски преведувач. Доколку поседувате европска картичка за здравствено осигурување донесете ја)

 Доказ за егзистенцијални средства на барателот

 уредно и читливо пополнето барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој

 Обоена фотографија (со димензии 3,5×4,5 cm) со бела позадина, која верно го прикажува апликантот

 Доказ за отсуство на кривични пресуди издадени од матичната земја на странецот и доказ дека против вас не се води кривична постапка (превод на оригиналот на македонски јазик од овластен судски преведувач);

 Доказ за доволно познавање на јазикот на кој ќе се изведуваат студиите

 Потврда од образовната установа во Македонија дека странецот е редовен студент таму (на македонски јазик)

 Студиската програма издадена од Образовната установа во Македонија (со утврденото времетраење на студиите и условите за запишување во наредната година на студии)/ на македонски јазик.