Дејност
26 јануари 2021 2023-07-16 21:39Дејност
Факултетот за бизнис економија врши високообразовната дејност, согласно Законот за високото образование преку:
вршење на високообразовна дејност од прв циклус стручни и втор циклус специјалистички студии во една или во повеќе сродни, односно меѓусебно поврзани научни и стручни дисциплини од областите за кои е дадена акредитација и се грижи за развојот на истите;
утврдување единствен стратегиски развој во наставно – образовната, научно – истражувачката и апликативната високостручна и други дејности;
утврдување единствени критериуми, нормативи и правила за организација;
вршење на високообразовната и научно – истражувачката дејност;
дејствување во финансискиот сектор, инвестициите и развојните планови;
поврзаност на наставата со науката;
организирање и реализирање високостручна апликативна дејност во областите на делување;
развој на нови дејности и работи определени со закон и овој Статут;
профилирање на научните истражувања (фундаментални, научни и
развојни);
во рамките на политиката за соработка на ФБЕ, остварување високообразовна, научна и техничка соработка и партнерствосо домашни и странски високообразовни и научни установи, бизнис заедницата, јавни и приватни институти и центри со домашни и странски субјекти, а заради унапредување на високообразовната, научно – истражувачката и апликативната дејност;
во остварување на соработката со домашни и странски високообразовни и научни установи, организира научни собири, симпозиуми, семинари, советувања и други видови собири;
продава научни и стручни услуги, експертиза и производи на домашни и странски правни и физички лица;
размена на научни и стручни услуги со домашни и странски правни и физички лица
учество во домашни и меѓународни проекти;
организирање заеднички студиски програми со домашни и странски високообразовни установи;
организирање зимски и летни школи и други форми на едукација;
воспоставување политика за мобилност на наставниците и административниот кадар;
поставување стандарди во наставата;
предлагање и преземање мерки за унапредување и заштита на стандардот на студентите и на вработените;
воспоставување на единствени правила за рационално користење на човечките и материјалните ресурси;
во рамките на единствениот библиотечно-информациски систем утврден од ФБЕ, организирање на работата на библиотеката и воспоставување сопствена библиотечно- информациска и документациона дејност;
организирање сопствена издавачка дејност;
основање установи, трговски друштва и здруженија согласно со закон и овој Статут;
трансфер на технологии;
унапредување на ЕКТС;
издавање обрасци и други документи за потребите на студентите;
издавање дипломи и други документи за завршени студии и други видови образование, според условитеутврдени со Статутот на ФБЕ;
управување, користење на имотот и материјалните средства со кои располага;
заштита и обезбедување на имотот на ФБЕ;
врши други работи и дејности утврдени со закон, со Статутот и другите акти на ФБЕ, како и други работи и дејности кои се во согласност со остварувањето на неговата автономија.