Публикации

Публикации

Списанието за одржлив развој е интердисциплинарно списание кое ги опфаќа економски, социолошките и еколошките аспекти на одржливост, а се објавува на квартално ниво. Областите на списанието ги опфаќаат трите основи на економската, социјалната и еколошката одржливост. Сите овие аспекти се сметаат како релевантни за објавување на трудови во списанието.

Уредувачкиот одбор прегледува текстови од следниот вид според COBISS класификацијата: Оригинални научни трудови (вклучувајќи оригинални резултати, презентирани според IMRAD шемата); рецензии (анализа, евалуирање и синтеза на веќе објавени информации); кратки научни трудови (вклучувајќи оригинално истражување и резултати) и професионални трудови (ставајќи акцент на употребливоста и имплементацијата на веќе постигнати резултати). Трудовите наменети за конференции не се вклучени во ниедна од гореспоменатите секции. Сите други видови на трудови според COBISS класификацијата нема да се земат во предвид за рецензирање.

Списанието за Одржлив развој официјално од седмиот број се приклучува на реномираната датабаза на EBSCO, во датабазата на CEEOL, како
и во датабазите на Business Source Complete и Sustainability Reference Center. Со тоа, научните трудови објавени во Списанието ќе бидат достапни во горенаведените датабази за цитирање и пребарување од страна на други истражувачи.   

 

Цели

Целите на овој журнал се преку научни сознанија, дискусии и размена на мислења да придонесе кон имплементирање и зајакнување на разбирањето за одржливоста како “состојба на умот” на академската и бизнис заедница. Оваа цел ќе се постигне преку објавување на статии за сите аспекти на профитабилност, социолошко управување и еколошки пријателски бизнис решенија. 

 

Главен уредник:

Проф. д-р Анета Васиљевиќ Шикалеска, Факултет за бизнис економија – Македонија 

Уредувачки одбор:

 

  • Проф. д-р Ричард Готшал, Државен Универзитет на Њу Јорк, Платсбург – САД
  • Проф. д-р Примож Певчин, Универзитет на Љубљана, Факултет за администрација – Словенија
  • Проф. д-р Јанис Мазаис, Технички универзитет на Рига – Латвија
  • Проф. д-р Биљана Ѓозинска, Факултет за бизнис економија – Македонија
  • Проф. д-р Хорхе Вила Биглиери, Универзитет Виго, Шпанија

 

Технички уредник:

Д-р Сезен Сејфула

Поднесување на труд/статија

Списанието за одржлив развој е квартален журнал кој го објавува Факултет за бизнис економија – Скопје. Сите автори кои своите научни трудови, статии, есеи, прегледи и др. обработуваат некое од наведените тематските подрачја се охрабруваат истите да ги испратат во овој журнал.

Секој труд кој опфаќа било кој трите аспекти на одржлив развој економски, социолошки и еколошки) се смета за релевантен за објавување во ова списание. 

 

Трудовите за поднесување во овој журнал треба да бидат подготвени согласно следниве пропозиции:

  1. Трудови (статии, прегледи и други научни трудови и извештаи) може да се испратат до уредувачкиот одбор само доколку претходно не биле објавени ниту пак ќе бидат објавени во други списанија пред да се испечатат во некој од броевите на Списанието за одржлив развој. Научните трудови и статии треба да имаат најмногу 15 страни (приближно 38 000 карактери со празни места). Маргини: Top – 2,54, Down 2,54, Left – 3, Right – 2,5, Gutter 0 cm, Header – 1,25, Footer – 1,25. Текстот треба да се пишува со проред 1,5 во Cambria единствено на англиски јазик. Насловот на трудот треба да стои во Header на секоја страна од трудот. Фуснотите треба да се напишат со големина 10.

СИМНЕТЕ ГО ТЕМПЛЕЈТОТ ЗА ТРУДОВИ

  1. Поднесените трудови треба да бидат организирани согласно IMRAD стилот за пишување на научни трудови.
  2. Прва страна согласно со темплејтот за трудови

  1. Цитирањата и забелешките треба да бидат поставени според харвардскиот стил на цитирање – http://guides.is.uwa.edu.au/c.php?g=380288&p=2575702

     

  2. Табелите, графиците и други илустрациите треба да бидат со наслов и последователно нумерирани со арапски бројки. На долната линија под секој график треба да биде наведен изворот од каде е земен, додека дополнителните коментари и објаснувања треба да бидат напишани во нов ред под цитираниот извор.

  3. Цитирање на библиографијата треба да се направи на крајот од трудот по азбучен редослед, со големина на фонт „10“ и проред „1“

  4. Рецензентската комисија го задржува правото да побара лекторирање на трудот пред објавување, доколку одлучи дека има потреба.
  5. Трудовите пратени за печатење не се враќаат на авторите без оглед дали ќе бидат или нема да бидат печатени

  6. Доколку рецензијата на трудот е позитивна, трудот ќе се печати во првото следно издание на Списанието за одржлив развој.

НАПОМЕНА: Несредените трудови ќе се враќаат на авторите за да бидат доуредени согласно со горенаведените правила за објавување

 

Начин на плаќање:

  • Вработени во институциите на ФБЕ, ИБЕ и НБЕ – 1,500 денари за статија
  • Вработени во високо-образовни и други институции во Република Македонија – 2,000 денари за статија
  • Странски автори – 3,000 денари

Податоци за уплата

  • Примач: Факултет за бизнис економија
  • Банка на примач: Тутунска Банка
  • Жиро сметка: 210-061017470125
  • Цел на дознака: Објавување на труд во Списание за одржлив развој

 

Документи за поднесување на труд

Документите треба да се поднесат на следната мејл адреса – sezen.sejfula@fbe.edu.mk

 

Нешто повеќе околу Списанието за одржлив развој и досега објавените броеви можете да прочитате на следните линкови: